Шакира беше лудо вљубена во ѕвездата од „Касандра“: Своите 2 големи хита му ги посвети на 17 години постариот актер (фото)

Убавата Шакира, која годинава го освои престижниот златен грамофон на 67. награди „Греми“ за најдобар албум на латино музика, често е тема на јавноста поради нејзиниот љубовен живот.

По медиумската врева дека нејзиниот поранешен партнер и фудбалер Пике се зближувал со неа додека била на турнеја, во медиумите повторно кружи веста 
за нејзината љубовна врска со шпанскиот актер кого Македонија го фаворизираше на врвот на својата популарност, 
Освалдо Риос, кој глумеше во 
легендарната серија „Касандра“.

Нивната љубов своевремено привлекуваше огромно внимание во јавноста поради големата разлика во години, бидејќи Освалдо е 17 години постар од пејачката а Шакира често го нарекуваше актерот своја голема љубов. За време на нивната осуммесечна врска, таа му посвети дури и две песни: „Moscas en la casa“ и „Que vuelvas“.

-Првата ја напишав во Бразил, во прекрасно време на љубовта, кога има само доблести и не се гледаат никакви маани. Втората се создаде кога сфатив дека морам да пеам за смртта, кога љубовта е бледа и болна… Тоа беше пропаст на нашата врска – изјави еднаш Шакира.

По врската со Шакира, актерот накратко беше вљубен во Џералдин Фернандез, а во 2018 година се заљуби во Лусијана Родригез, со која има три сина.