Шесткратниот олимписки шампион умира од рак, а му остануваат меѓу две и четири години живот

Крис Хој, шесткратен олимписки шампион во велосипедизам, откри дека ракот му е терминален.

На Хој (48) првично му беше дијагностицирана болеста во септември минатата година, пред да излезе во јавноста со веста во февруари.

За жал, тој сега во интервју за британските медиуми откри дека умира од рак на простата кој метастазирал во коските и преминал во четвртата фаза.

Тој додаде дека својата терминална дијагноза ја чувал во тајност една година, а лекарите му рекле дека му преостануваат меѓу две и четири години живот.

„Колку и да е неприродно, ова е природа“, изјави тој за Sunday Times.

Тој додаде дека некои луѓе немаат шанса да се поздрават или да се помират со се и дека добил доволно време за тоа.

„Знаете, сите ние сме родени и сите умираме, а ова е само дел од процесот“, рече Хој.

Хој е шесткратен олимписки шампион кој го освои своето прво злато во Атина во 2004 година и три пати во Пекинг четири години подоцна, пред да стане легенда со уште две титули во Лондон.

Покрај олимпискиот успех, тој е и единаесеткратен светски шампион со вкупно 17 светски титули во четири дисциплини во текот на неговата блескава кариера на велодромот.

Хој беше прогласен за витез во 2009 година и ја носи титулата Сер.