Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон повеќе ќе ви биде во џеб отколку надвор од него, тврди Закерберг.
Мобилните телефони влегоа во нашите животи пред нешто помалку од три децении, носејќи вистинска револуција. Сепак, ништо не трае вечно и сега промената е на повидок…
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, јасно стави до знаење што да очекувате со впечатлива изјава: „Ќе биде како со персонални компјутери“.
Закерберг веќе спомена потенцијална замена. Тој зборува за производ што постепено ќе ги замени паметните телефони, откако паметните часовници не успеаја да ја преземат таа улога. Паметните часовници останаа корисен додаток, но не станаа доминантна платформа.
Закерберг истакна елемент што ќе го промени технолошкиот пејзаж во еден од неговите главни говори: паметните очила. „Тие ќе станат следната голема компјутерска платформа“, тврди Марк.
Според него, еве што ќе се случи со очилата:
„Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон повеќе ќе ви биде во џеб отколку надвор од него. Мислам дека тоа ќе се случи во 2030-тите, и иако ќе можете поцелосно или подобро да ги извршувате задачите со вашиот телефон, корисниците ќе се одлучат за практичноста на очилата за да го сторат истото.“
Apple со своите Vision Pro и Meta се најистакнатите компании во развојот на паметни очила, но многу други технолошки компании работат на истиот производ веќе долго време.