Шокантна исповед на Немања Видиќ: Целата кариера ја одигра со тешка повреда која предизвикува големи болки!

Немања Видиќ, поранешен српски фудбалер, проговори за интересни детали од кариерата и животот.

Видиќ откри кои точно фактори довеле до завршување на неговата кариера.

„Дојде време да ги закачам копачките по многубројните повреди што ги имав во последните години од мојата кариера. Имав впечаток дека не сум истиот играч и дека не можам да бидам добар во работите што ги бев порано. Тоа ми пречеше професионалната кариера.”

„Додека бев во Црвена звезда, имав хернија на дискот и цела кариера играв со тој проблем. Имаше моменти кога воопшто не тренирав во Манчестер, туку само играв натпревари“.

Видиќ во текот на својата кариера чуваше различни великани.

„Дури и за помали натпревари се подготвував како да играм против најдобрите во светот. Кога велам најдобрите, мислам на Меси, Суарез, Анри и Дрогба, но и на Дел Пјеро и Инзаги против кои играв на дебито за Србија“.

Преселбата во Манчестер Јунајтед остави голема трага во неговата кариера.

„Кога дојдов во Манчестер, повеќе се плашев од тренинзи отколку од натпревари. Доаѓав на тренинзи и играв против Роналдо, Руни, Тевез, Саха и Ван Нистелрој. Беше тешко да се преживее, но уживав во сè. Сакав да се бранам, да ги читам противниците, добро да се позиционирам за да избегнам спринт.”