Шокантна сцена на инаугурацијата на Доналд Трамп: Ова е „бакнежот“ за кој зборува светот (ВИДЕО)

Доналд Трамп ја започна церемонијата по повод неговата историска втора инаугурација заедно со сопругата Меланија, синот Барон и семејството на црковна служба, само неколку часа пред да положи заклетва, а веднаш потоа се упатија кон Белата куќа.

Откако пристигнаа и ги поздравија поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, следеше церемонија на која 
новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп положи заклетва.  При влегувањето во Ротонда, Трамп очекувано доби аплауз, а потоа имаше симпатична ситуација со неговата поубава половина Меланија.

Имено, веднаш по церемонијата, 
Трамп пријде да ја бакне Меланија, но тоа беше практично невозможно поради ширината на работ на нејзината 
капа. Затоа и’ испрати бакнеж во „празно“ но и двајцата како и сите присутни со насмевка ја дочекаа оваа ситуација. 

Да потсетиме, денеска Доналд Трамп беше избран за 47-ми претседател на САД, што ќе биде негов втор мандат.