Обвинителството во Мадрид ќе бара речиси пет години затвор за легендарниот тренер Карло Анчелоти а сето тоа поради неплаќање данок.
Италијанецот би можел да добие казна од четири години и девет месеци за наводна измама на јавната каса во 2014 и 2015 година во износ од над еден милион евра! Оваа информација ја пласираше Марка а како што е наведено, Анчелоти не ги пријавил приходите од авторските права и сликите што му припаѓале како тренер на Реал Мадрид.
Обвинителството тврди и дека Карло Анчелоти користел сложени финансиски аранжмани за да избегне плаќање даноци, кои се многу високи во Шпанија. Искусниот стратег, наводно, ги префрлил своите права на сликата на Vapia Limited, но подоцна го изменил договорот за да го намали времетраењето и куповната цена на правата за слика.
Нема сомнеж дека случајот сепак ќе биде актуелен и дека покраинското обвинителство во Мадрид нема да се откаже од казната, а Карло Анчелоти допрва треба да подготви одбрана за ова дело.