Родителите на убиените деца во „Рибникар“ поставија фотографии од своите деца пред судницата каде својата одбрана денеска ја изнесоа мајката и таткото на момчето убиец. Кога заврши рочиштето, мајката на момчето-убиец излегла и ги погледнала сликите на убиените деца, а нивните родители и’ викале: „Што гледаш, злобнику“, пренесува Блиц.
Кога мајката на момчето-убиец ја напушти судницата, родителите и викаа: „Чудовиште, злобно, што гледаш, што гледаш?!“ .
Да потсетиме денеска немаше изјава од одбраната, а судењето продолжува на 29 февруари и 1 март.
Адвокатите на родителите на момчето – убиец побараа јавноста да се врати во судницата и да се разгледа одлуката за присуство на јавноста на судењето, за да нема шпекулации и нагаѓања и јавноста да ги има вистинските информации.