Што се крие зад капата на Меланија Трамп? Многу корисници на социјалните мрежи ја поврзаа со „работата“ на Трамп во Мекдоналдс: Еве за што се работи (фото)

Медиумите ширум светот се окупирани со вчерашната инаугурација на новоизбраниот американски претседател 
Доналд Трамп, а по тој повод зборуваат и за стајлингот на првата дама Меланија Трамп. Имено, политичките фанови се поделени околу нејзиниот стајлинг, поточно големиот 
шешир кој го носеше, за кој некои мислат дека има тајно значење и причината поради која таа одлучила да го носи. 

Меланија (54) за оваа пригода избра долго темносино палто од американскиот дизајнер Адам Липес, заедно со пар чевли од велур Маноло Бланик и црни кожени ракавици. Таа носеше бел топ под палтото, додавајќи и’ друг тон на инаку класичната облека.

Сепак, вистинската ѕвезда на шоуто беше големата морнарска капа со широк обод со рамен горен дел и бела облога, дизајнирана од Ерик Џавитс – исто така американски бренд. Капата го врза целиот нејзин изглед, бидејќи носеше елегантна пунџа и мали обетки со дијамант. Но, иако шапката можеби беше фокусна точка на нејзината облека, многу корисници на X, порано позната како Твитер, ја споредија со онаа што ја носеше ликот на Мекдоналдс Хамбурглар, кој исто така има голема црна капа со лента до средината.

,,Запознајте ја Меланија Хамбурглар Трамп“, напишал еден корисник.

„Меланија Трамп како г-ѓа прва дама Хамбурглар на инаугурацијата 2025 година“, додаде друг.

„Очигледно, додека нејзиниот сопруг работел во Мекдоналдс, Меланија ја украла капата на Хамбургер“, заклучил трет.

Меѓу толпата слични коментари, имаше и такви кои се пошегуваа дека таа ја носела капата за да ги избегне бакнежите на Трамп, пренесува People.

„Ох, сега има смисла. Меланија носеше капа како бариера од усните на Трамп. Разбрав“, гласи еден коментар. 

„Паметно. Таа капа ги задржа напучените усни на Трамп од образот на Меланија кога влезе во Капитол“, додаде друг. 

„Меланија 100 проценти ја носи таа капа, така што Трамп не може да се доближи доволно за да ја бакне“, заклучи трет. 

Да потсетиме,  Доналд Трамп вчера точно во 12 часот (18 часот по наше време) беше избран за 47-ми претседател на САД, што ќе биде негов втор мандат.