Пејачката Александра Пријовиќ на прес-конференцијата одговори на прашање за нејзината колешка Северина.
Веќе сите знаат дека на хрватската ѕвезда и’ е одземено старателството над синот, што го разбранува целиот регион.
Прија до сега не се огласи на оваа тема, а сега јавно ја поддржа.
Додека новинарката го поставуваше прашањето, изразот на лицето и’ беше тажен.
– Можам да кажам само едно… Тоа е дека јас како мајка мислам дека детето секогаш треба да биде покрај мајка си – истакна Александра Пријовиќ, по што настана краток молк, поради што се чини дека оваа ситуација ги растажи сите присутни.