Јелена Карлеуша ја откри НАЈГОЛЕМАТА тајна на Роналдо: Видеото како “пожар” се шири низ светот

Многу корисна информација за навивачите на Португалецот.
На интернет не престанува да се зборува за Јелена Карлеуша, која ја носеше ревијата на брендот Vetements во Париз заедно со Георгина Родригез, а девојката на Кристијано Роналдо почна да ја следи српската пејачка на Инстаграм. Сега се појави снимка од разговорот меѓу двете дами, која изненади многумина.

Луѓето се убедени дека Георгина и открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира.

  • Кристијано ќе игра уште една година и толку. Можеби два, не знам – се слуша како вели на снимката.

Социјалната мрежа X е преполна со реакции.

„Во каков алтернативен универзум живееме кога преку Карлеуша дознавам кога Роналдо се повлекува?!“, „Јелена Карлеуша му откри на светот кога Кристијано Роналдо заминува во пензија.“, „Дознаваме дека Кристијано ја завршува кариера од разговорот меѓу Георгина и Карлеуша…“, пишуваат меѓу другото твитерџиите.

Да потсетиме, Џорџина на модната писта прошета во дресот на Роналдо, со неговиот потпис. На истата ревија се појавија и и ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ Марша Крос, како и познатите манекенки Наталија Водијанова и Вини Харлоу.

Карлеуша се уште немаше коментар за ова.