Најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ по синоќешниот натпревар во кој неговиот Денвер Нагетс го победи Феникс Санс со 117:90 поздрави за Јусуф Нуркиќ.Никола Јокиќ повторно брилјираше со 32 поени и беше незапирлив за Санс. Неговата одлична партија на своја кожа ја почувствува и нашиот Јусуф Нуркиќ, кој постигна само четири поени и одигра само 14 минути.
Сепак, Јокиќ покажа колку е голем спортист и му призна на Нуркиќ, со кој своевремено делеше соблекувална во Денвер.
Мислам дека Нуркиќ работи добро, особено во дефанзива, секогаш пробувам некои нови работи против него“, изјави Јокиќ и додаде:
„Тој е добар дефанзивец и секогаш добро ме чува на натпреварот. Секако дека вечерва постигнав многу поени, но сигурно е дека Нуркиќ секогаш ме прави подобар играч секогаш кога ќе се сретнеме“, објасни Јокиќ.
Во еден дуел кошаркарот случајно го згазна стапалото на Јокиќ, кој рече:
Ме згазна на ногата и имав мал проблем, ништо повеќе“, изјави центарот на Денвер.
Потоа дојде прашањето што Американците го поставуваат на Јокиќ секој пат пред католичкиот Божиќ.
„Како се чувствувате што треба да играте на Божиќ неколку години по ред?“, беше прашањето од кое на српскиот играч веќе му здодеа.
Јокиќ само ги крена рамениците и во свој стил одговори: „Не е мој Божиќ, за мене тоа е обична игра“, изјави Јокиќ.
Нуркиќ и Јокиќ со години се големи пријатели и имаат голема меѓусебна почит, а синоќа срдечно се поздравија и разговараа пред почетокот на натпреварот.