Дожд, дожд и само дожд во Германија во последните недели.
Но, југот на Германија е загрозен од обилните дождови во последните два дена.
Две држави, Баварија и Баден-Виртемберг, се погодени од опасност од поплави.
Во овие покраини на сила е највисокото ниво на тревога, додека неколку германски области на југ во меѓувреме прогласија состојба на катастрофа.
Во многу региони се очекуваат поплави, дури се зборува и за поплава на векот, бидејќи водостојот на реките рапидно се зголемува.
Во Мекенбеуерн 1.300 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради акутен ризик од поплави.
Жителите во јужна Германија се евакуирани и во други региони.
Во Зигмарзел, област Линдау, во саботата навечер наврнале 100 литри на 1 квадратен метар.