Фудбалерите кои бркаат судии за време на натпреварите од пониската лига не е ништо ново, особено во нашиот регион.
Но, девојката да влезе на терен за да го одбрани љубениот, тоа е нешто ново!
А токму тоа се случи во Градишка, во Босна и Херцеговина.
Откако главниот судија означи крај на натпреварот, играчите на едната екипа се втурнаа кон него наместо да одат во соблекувалната. Незадоволни од судењето сакале да се пресметаат со него, но немале поим каква опасност демне зад нив.
Имено, девојката на нападнатиот судија истрчала на теренот да го одбрани. И успеа во тоа, бидејќи нејзиниот сакан помина без гребнатинка.
Што се случило можете да видите на видеото кое го снимија фановите.