Ќе ви се заледи крвта во вените: Погледнете ја драматичната снимка од воздух по поплавите во Босна и Херцеговина (ВИДЕО)

Апокалиптични сцени можат да се видат на воздушна снимка над селото Бутуровиќ Поље, кое е едно од населените места што најмногу настрада за време на поплавите во Босна и Херцеговина. Снимките од воздух ја откриваат огромната штета што се случила.

На ова место кај Коњиќ водата уништила многу патишта, повеќе од 15 куќи, а неколку лица се водат како исчезнати.

Претходно, од споменатото село се појљви уште едно драматично видео, каде што се гледаат спасувачите на Планинската служба како се обидуваат да извлечат маж додека околу него има порој.

Освен Бутуровиќ Поље, многу други места во Босна и Херцеговина, како Јабланица, Крешево и Кисељак, беа погодени од големи проблеми поради поплавите.