Сепак, кошаркарот не одолеа на нејзините шарм.
Еден од најконтроверзните парови во светот на спортот е НБА ѕвездата Пол Џорџ и Србинката Данијела Рајиќ .
“Српската Ким Кардашијан” како што ја нарекуваат била упорна во намерата да го “фати” славниот кошаркар, а нивната врска започнала на многу турбулентен начин.
Даниела работела како го-го танчерка, иако некои медиуми во САД тврдат дека работела и како стриптизерка на Флорида, во моментот кога таа и Џорџ се запознале за време на неговата посета на Мајами.
Почнале да се гледаат само за да раскинат после неколку месеци, но таа останала бремена и тврдела дека детето е негово. Кога Рајиќ роди девојче по име Оливија, беше направен ДНК тест и беше потврдено дека Пол Џорџ е родител на девојчето.
И не заврши тука, бидејќи набрзо се дозна дека Пол и нудел на Даниела милион долари за да абортира. Сепак, ниту Пол Џорџ не седел со скрстени раце, туку возвратил со тужба, бидејќи сакал да биде старател на девојчето. Изгледаше дека тоа е дефинитивно крајот на романсата, но сега тие се повторно заедно.
Сепак, по многу перипетии, расправии и судски постапки, двајцата се помириле и почнале да живеат заедно. Во меѓувреме добија две деца, а љубовта ја крунисаа со брак.
Тие го кажаа судбоносното “да” на тајна венчавка, а само еден месец подоцна Даниела ги сподели бајковитите фотографии од прославата што ја приредија за семејството и пријателите во Италија.
Инаку, Даниела има и сопствен бизнис, а заедно со партнерката на кошаркарот Патрик Патерсон, Сара, има и колекција на костими за капење.
Познато е и дека познатиот ас ужива во српската храна и ги почитува традициите на сопругата, а Даниела на социјалните мрежи често објавува фотографии од својот идиличен семеен живот.