Џенифер ги покажа голите гради на Греми! Жешките атрибути го запалија црвениот тепих – испаѓаа од под фустаниот

Џенифер Лопез на доделувањето на Греми наградите пристигна во секси фустан кој ги откри сите атрибути по кои со години лудуваат мажите ширум светот.

Стегнатата ликра во црвеникава нијанса, со примеси на златни тонови, привлече големо внимание бидејќи на Џенифер изгледаше толку заводливо и секси. 

Во преден план на фустанот беше големото деколте кое допираше до папокот, откривајќи ги градите без градник на пејачката, кои во неколку наврати ѕиркаа од фустанот додека таа се движеше. 

Џенифер за оваа пригода избра богато дијамантски ѓердан и обетки за накитот, додека косата ја навлече во елегантна пунџа.  

Целиот свој моден избор го комплетираше со нежна шминка и чанта во златна нијанса.