Врската помеѓу Џиџи Хадид (29) и Бредли Купер (50) првпат беше откриена пред нешто повеќе од една година, а сега манекенката за прв пат проговори за врската со познатиот актер кој е 21 година постар од неа.
„Многу го почитувам како уметник и креативна личност“, изјави Џиџи за магазинот „Вог“ и додаде: „Чувствувам дека ми дава многу – тој секогаш ме охрабрува и верува во мене. Кога ве поддржуваат луѓето што ги почитувате и им се восхитувате, тоа ви дава дополнителна самодоверба. Потоа размислувате: „Па што ако пробам нешто ново?“ Не е важно дали не функционира, само треба да се обидете да го направите првиот чекор“.
„Со него го најдов мојот дом“
Но, кога зборува за нејзината врска со Бредли, за кого вели дека го запознала на роденденската забава на заеднички пријател од детството, таа вели дека не станува збор за некој голем ризик или одлука, туку за чувство како да го нашла својот дом.
„Мислам дека е навистина важно да се дојде до момент во животот каде што знаете што сакате и што заслужувате во врската“, објаснила Џиџи.
,,И тогаш кога ќе најдете некој кој исто така дошол до тој момент, кога и тој знае што сака и што бара, тогаш и двајцата работите на себе, но заедно градите нешто убаво, нешто здраво“, додаде таа.
Не сакаат да се експонираат во јавност.
Џиџи вели дека нејзината врска со Бредли е „многу романтична“, но сепак нема премногу да зборува за нивната врска во јавноста.
,,Тоа едноставно не е дел од нашата врска. Не споделуваме се со другите и така ни е удобно“, заклучила таа.
Откако израсна во центарот на вниманието и секогаш под будното око на јавноста, Џиџи научи да не се нервира од гласини и озборувања.
,,Треба да научите да ги пуштате работите. Не можете секогаш да поправите сè”, изјавила манекенката.
Во текот на изминатата година, таа и Бредли, според неа, биле многу внимателни да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Тие претпочитаат тивки излегувања наместо интервјуа или големи појавувања на црвениот тепих. Една од работите што често ја прават заедно сега е да одат во театар, а Џиџи призна дека Бредли ја поттикнал да го направи тоа повторно.
„Бредли ме поттикна повторно да почнам да одам во театар, за што навистина ми е драго. Убаво е да ја вратам таа навика во мојот живот“.
Тие немаат приватност поради нивната слава.
Таа исто така откри дека поради нивните јавни работи, двајцата имаат потешкотии да најдат приватност и нормален простор за врска.
,,Сакате да си дадете нормално искуство во врската, како што имаат сите други. Но, дури и на моите пријатели кои не се познати може да им биде тешко. Каде да излезете? Со кого да разговарате? Како воопшто запознавате некого?”
Таа рече дека јавните личности имаат дополнителна загриженост за приватноста и безбедноста. „Сакате да им верувате на луѓето дека нема да ве издадат, дека нема да се јавуваат во медиумите или да споделуваат приватни информации на социјалните мрежи. Но, никогаш не можете да бидете сигурни“.
И покрај сето ова, Џиџи потврди дека е многу среќна. „Се чувствувам навистина среќна“, заклучи таа.
Гласините за нивната врска се појавија во 2023 година
За потсетување, гласините за нивната врска започнаа во октомври 2023 година кога Џиџи и Купер беа видени на вечера со пријателите во Њујорк. Набргу потоа, тие отидоа заедно на претстава на Бродвеј, а во јануари 2024 година, Џиџи им се придружи на Бредли и неговата мајка на вечера по Златните глобуси. Својата врска ја потврдија на крајот на месецот, кога се држеа за рака при посетата на Лондон.
Тие неодамна беа снимени на натпревар во НФЛ помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс. На TikTok се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.
Пред Џиџи, Бредли беше во брак со актерката Џенифер Еспосито. Имаше врски и со Зои Салдана, Суки Вотерхаус и Ирина Шајк, со која ја доби ќерката Леа (7). Џиџи, сестрата на Бела Хадид, претходно беше со Коди Симпсон и Џо Џонас, а од врската со Зејн Малик ја има ќерката Каи (4).