Сопругата на фудбалската суперѕвезда Роналдо, Џорџина Родригез, повторно стана главна тема на интернет кога се појави на ревијата на Валентино.
Џорџина важи за една од најубавите сопруги на фудбалерите, но некои од нејзините стајлинзи предизвикаа вистински дискусии на социјалните мрежи. Овојпат таа се појави во интересна облека, но како што изјавија некои корисници – „не доволно добра за модна ревија“.
Ракавите, јаката и долниот дел од капутот се врамени со кафено крзно, додека целата површина е во црно-бел принт. Црните чизми беа високи до телето, додека под палтото се гледаше здолниште во боја на пудра со пердуви..
Косата ја имаше свиткано во поголеми локни, но се чини дека на Џорџина и е предизвик да ги „радоволи“ следбениците кога е нејзиниот стил во прашање. Таа на своето лице му даде малку понеутрална шминка и на тој начин ги истакна нејзините убави, природни црти.