Ако Љубчо Георгиевски не ја продадеше Окта на Грците денес ќе бевме милионери, цената на мазутот и дизелот сега се највисоки во историјата, долари ќе течеа од сите страни!?

Во последните неколку месеци се случуваат многу нелогичности, цената на бензинот е пониска од цената на дизелот. Дизелот е воено гориво, а дополнително европските земји си ги затворија мазутарите, немаат мазут и таму каде што можат да го заменат природниот гас кој им е екстремно скап, имаат мазут во мали количини и го користат дизелот. Затоа цената на дизелот драстично растеше изминатиот период и затоа за прв пат во историјата во Македонија цената на дизелот е поскапа од цената на бензините, рече Марко Беслимовски, Претседател на Државната Комисија за енергетика во интервјуто за емисијата Во Центар.

Сега се поставува прашањето што ќе беше ако работеше Окта или ако Македонија не ја продадеше единствената рафинерија на Грците во 1999 година.

Рафинеријата Окта која беше голема инвестиција во текот на 80-тите години на минатиот век, кога на чело на компанијата беше Борис Рикаловски, подоцна вицепремиер и министер во македонската и сојузната југословенска влада пред распадот на СФРЈ, а од мај 1997 до ноември 1998 година министер за економија во владата на Бранко Црвенковски, имаше методологија на производство на нафтени деривати кога како нус производ на процесот на производство остануваа големи количини на мазут. Затоа таа рафинерија ја нарекуваа и “мазутара”, бидејќи многу често производството на мазут беше поголемод од производството на нафтени деривати.

Окта имаше или имала застарена технологија и токму од тие причини произведуваша многу повеќе мазут и тој мазут сега ќе помогнеше доста и ќе имаше многу пониска цена колку што е во моментот и ова што ние сега го имаме на пазарите, вели Беслимовски и додава:

“Сега нашите македонскии компании купуваат готови деривати, околу 85 отсто доаѓаат од Грција. Остатокот, нешто доаѓа од Албанинија, нешто од Србија, но најмногу како држава готови нафтени деривати носиме од Грција”.

Тоа се преработени деривати, вели Баслимовски бидејќи ние сега немаме рафонирија која може да ја преработува суровата нафта. И затоа ние сме принудени да увезуваме преработени или готови нафтени деривати.

Во најголем дел купуваме од Хеленик Петролеум.

Да мислам дека Варводијанис има акции во таа компанија, вели тој, а во нивна сопственост се наоѓа големата или најголемата грчка рафинерија во близината на Атина, на полуостровот Пелопонез.

Ние се врзуваме за цената на нафтените дерифати на медитеранската берза, објаснува Белимовски. Тоа го прави и Грција, Италија, Словенија…Од таа флоп берза ги земаме податоците за цените. Оваа медитеранска берза се наоѓа во италијанскиот град Ѓенова. Како и на секоја берза и таму има наддавање за цената и таа е референтна за нашиот регион. Тие податоци ги добиваме и ние и трговците во Србија, Хрватска и целиот регион.

Ако имавме наша рафинерија, која не работи од 2013 година, тогаш тие кои таму работеле ќе можеа да прават т.н. хеџирање или да ги предвидуваат движењата на цените. Сигурно е дека овие компании кои купуваат и преработуваат сурова нафта остваруваат далеку поголеми профити, додава тој.

Ние во Македонија единствено им дозволуваме да имаат маржа, таа беше 5,5 денари, а сега е пет денари, ја намаливме за да се помогне колку што може да се помогне во оваа ситуација и тоа е единствен начин за формирање на цените, вели Беслимовски.

Продажбата на Рафинеријата Окта беше голема афера во Македонија за време на владата на Љубчо Георгиевски, кога министер за трговија а подоцна и министер за еконимија беше Никола Груевски. Во тој временски период, Васил Тупурковски, големиот комунистички лидер и екс член на Претседателството на СФРЈ, а подоцна вуцепремиер во владата на Љубчо Георгиевски, преку министерот за екононија кој беше од неговата партија, Демократска Алтернатива, водеа преговори за продажба на Окта на француски партнер.

Во брзање да не се случи тоа, Љубло Георгиевски со помош на Емануел Малелис кој порано беше вработен во грчкиот конзулат во Скопје, во времето на СФРЈ, а кој имаше одлични врски со грчкиот политички врв, посредуваше за продажба на Окта на хеленик Петролеум. На потпишувањето на договорот во Скопје, присуствуваше и Евангелос Вениселос, тогаш мибиустер за инвестиции во владата на Костас Симитис, а подоцна лидер на партијата Пасок и грчки премиер.

Во периодот од 2006 до 2008 година, кога партијата НСДП на Тито Петковски беше дел од владата на Никола Груевски и Мендух Тачи, Петковски имаше некои разговори и инсистираше на продажба на ТЕЦ Неготино на Грците. Како се објаснуваше во политичките гругово тоа наводно била и една од причините за растурање на коалицијата меѓу Тито Петковски и Никола Груевски.

Сега интерес за изградба на нова гасна електрана во Скопје има компанијата Митилинеос од Грција, вели Беслимовски, која е најголем производител на електрична енергија од когенеративни постројки во Грција. Тоа е компанија која има дел од бизнисот за производство на електрична енергија, трговија со електрична енергија, но има и неколку алуминиумски комбинати. Таа е сериозна компанија и таа одреден период има најавено голем интерес да се изгради когенеративна постројка ( како ТЕТО што има изградено) во Скопје, со цел да продава и електрична енергија и топлинска енергија но по пониска цена од таа по која сега ја продаваат топланите во Скопје, вели тој.

Во интервјуто во емисијата Во Центар, Беслимовски го коментираше и продавањето на Окта.

Тоа е еден од најлошите договори кој го потпишала Македонија, ако не и најлош во процесот на приватизација. Во текот на 90-тите година Окта беше наша и државата тогаш ја определуваше цената на нафтените деривати. За некаков квази социјален мир, државата не и дозволуваше на Окта да ги зголеми цените иако растеа нејзините производните трошоци. Така Окта стана загубар и како компанија со големи загуби им ја продадовме Окта на Грците. Ако таа методологија која ја имаше Окта кога ја продадовме на Грците, ја имаше кога таа команија беше наша македонска ќе си имавме нормална компанија која работи со профит.

Ако сега работеше Окта, со вакви цени на дизелот и мазутот, тогаш државата ќе имаме огро,ен профит во овие услови на вакви ценин на дизелот, смета тој.

Ако вие гледате во регионот ретко кој приватизираше рафинерии. Грците платија 32 милиони долари за Окта а имаше резерви од повеќе од 20 милиони. И одреден период никој не смееше да прави увоз на нафтени деривати, заклучува Беслимовски во интервјуто во емијата Во Центар.