Јошка Броз, внук на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, пред неколку години како гостин во една ТВ емисија откри што му признал дедо му како најголема грешка. Во истата емисија тој зборуваше за погребот на дедо му, за врската на Тито и Јованка и многу повеќе. Еве делови од интервјуто:
Во првиот разговор го прашав Тито која е неговата најголема грешка?
-Тоа што го изменив Уставот од 1974 година. Десет дена ми седеше на маса и не го потпишував. А тој устав беше почеток на крајот и на Југославија и на партијата…републиката… Тој не сакаше да го потпише тој устав. Кога прашав зошто не стави вето, Тито ми рече:
-Јас како демократ не сакав да дозволам да бидам надгласан во Собранието. И можев да ставам вето… Грешката беше што не ставив, изјави Јошка Броз на ТВ Хепи и продолжи:
Мика Шпиљак и Киро Глигоров го потпишаа уставот, а целата приказна ја туркаа Кардељ и Стева Крајачиќ. Стево Крајачиќ е човек кој работел од сенка, кој го врамил Ранковиќ и многу други. Успеал да го натера Тито да се скара со најблиските, а еве како. Доаѓа кај Ранковиќ и му вели:
-Марко, слушај, да му ставиме апарати на стариот… Се работи за години, знаеш дека не треба да му се случи нешто без да видиме… Само треба да имаме контрола.
И после тоа, Ранковиќ беше сменет, па тие уреди се ставени во тоалетот и бањата… Ранковиќ не кажа ниту еден лош збор за дедо. Тие беа кумови. И после таа смена си останаа верни еден на друг бидејќи и двајцата ја знаеја позадината на сè.
Тoа ми го кажа и Ранковиќ.
Јованка е делумно виновна што подоцна таа и Тито се разделија. Сега е лага приказната дека Јованка била желна за власт. Таа многу го сакаше и тогаш во еден момент таа љубов се претвори во параноја. Сакаше да го заштити. Во таа нејзина желба претеруваше во многу работи.
Потоа настана таа листа. Тоа е списокот на лица генерали што таа го направи со Ѓокo Јованиќ за да му бидат најблиско обезбедување за да го заштитат. А тоа го искористија Доланц и Љубичиќ кои беа против. Јованкa верувала во сè што кажуваат и сите приказни кои излегува.
Тито многу ја сакаше Јованка и оваа разделба му беше многу тешка. Јас тоа најдобро го знам. Никогаш официјално не се разведе од неа. Неколку пати и рекол дека треба да се грижи за персоналот во куќата, но да не се занимава со политика.
Од Тито можев да видам дека му е тешко. Доаѓам кај него и потоа седиме во тишина. И само во еден момент вели:
– Ах, што и’ требаше… Поради неа тој никогаш не дошол во Белград, а не сакал да ја види во Љубљана. Јованка беше против Љубичиќ и Доланц и се докажа дека е во право. На погребот не сакала ни да им подаде рака. Имаше голем притисок Јованка да не присуствува на погребот на Тито. Како што имаше притисокот и спротивречености да не ја закопаат до Тито.
Јас бев првиот што кажа дека таа има право на тоа како негова законска сопруга. Погледнете ја тортурата под која живеела, погледнете кадo и каде живеела. И тоа е сè затоа што се плашеа да не открие сè што знае.
Глупости се приказните дека не бил погребан во Куќата на цвеќето и дека не умрел на 4 мај туку два месеци порано.
Дедо ми почина утрото, на 4 мај. Вечерта на трети мај му се затворија очните капаци. Лекарите почнаа вознемирено да се движат. Ги прашав лекарите што значи тоа и ми објаснија дека се работи за грчеви во грбот. И следното утро тој почина. Нека не ми кажува некој лупости сега.
Што се однесува до погребот… Тито го ставија во метална кутија што беше заварена. И тогаш тој шеф на поранешна ДБ, тоа ѓубре, зборува за тоа како се ставило песок таму на место дедо ми и дека народот бил измамен.
Не се разделив од ковчегот додека не го погребаа. Зошто не го остават дедо ми на мира?! Не поминува ден некој да не го спомне.
Кога во 1979 година, по посетата на Куба, јас, Љубичиќ иТито, стоевме на терасата на Куќата на цвеќето, тогаш дедо ми праша
– Што градиш таму?
-Музеј- рече Љубичиќ.
– Мавзолеј? – праша Тито со чудење
Не, не, другар претседателе, градиме музеј.
– Сакам да бидам погребан овде, му рекол Тито.
Ѕвездата со пет краци не беше поставена затоа што на денот на погребот тој примерок личеше на кибритната кутија. Кога би ставиле ѕвезда, таа никогаш не би изгледала како вистинска ѕвезда, бидејќи таа форма не беше правилна и не би изгледала како што треба… А дедо не бил масон, тоа е глупост.
Дедото не бил верник но ја користеше таа изрека ,,Боже”.
Тито се грижел за црковните великодостојници. Кога беше избран патријархот Герман, тој праша:
– Во што се вози Германецот?
– Во Фиќо – одговорија.
– Веднаш да му дадете мерцедес од гаражата, им рекол Тито.
Луѓето денес го напаѓаат Тито затоа што им треба оправдување за нивната неспособност – заврши тој.