ДОКТОРКА ГИ ОТКРИ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ЗАМКИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Поради нив дебелееме и кога сме на диета, а 3-та најмногу ќе ве изненади (ФОТО)

Ова се 4-те најголеми замки за слабеење, а сите ние цел живот упаѓаме во третата без да го сфатиме тоа!

Се обидувате да изгубите тежина, но едноставно не можете? Можеби причината не е во погрешната исхрана, ниту во вашето отсуство на “карактер”, предупредува д-р Мишел Сигар , бихевиорална научничка. Таа ги објасни четирите замки во кои запаѓаме, односно причините поради кои не можеме да ослабеме, а ќе ве изненади зошто, на некои не би ни помислиле!

Слабеењето не е секогаш лесно, а потребна е голема посветеност за да ја достигнете посакуваната, идеална тежина. Многу од одговорите на прашањето “зошто не можам да ослабам” се кријат во нашата глава – не во отсуство на упорност, туку во емоции кои понекогаш се поврзани со други луѓе.

Искушение

“Не се работи само за тоа дека треба да вежбате, а вие ќе легнете, или да гледате во слатки и да мечтаете за нив. Секогаш кога ќе се појави такво искушение, нас не нè “влече” работата што ја гледаме, туку нашата емоција кон претходното искуството што го имаме со неа. Храната нема моќ над нас, но емоциите имаат. Кога ќе разберете зошто вашите минати искуства ве “влечат” кон нешто, ќе имате поголема контрола врз овие ситуации”, рече таа.

Бунт

“Во природата на луѓето е да се бунтуваат барем малку против нешто што “мораат”, а такви се диетите и советите за слабеење, како и режимите на исхрана. Ние го сакаме она што некој ни кажува дека не можеме да го добиеме. И ако видиме, на пример, чоколадна торта, ја сакаме уште повеќе ако сме на диета”, рече таа во еден подкаст.

Ќе се спротивставуваме некое време, но потоа ќе се побуниме против нашата намера. И наместо да јадеме едно парче, ќе изедеме три поради реактивната енергија на фактот дека себе се присилуваме на диета“, објасни др Сигар.

Угодување на другите

“Дури и ако е тоа само некој пријател на забава, кој ви приоѓа со насмевка на лицето и чинија торта, вие автоматски го земате, се заблагодарувате и почнувате да јадете. И тогаш се чувствувате лошо, бидејќи Вие всушност и угодивте на потребите на таа личност, а не на себе. Имавте добри намери, но не го испочитувавте вашиот избор, туку туѓиот, што прави да се чувствувате уште полошо”, рече докторката.

Ова сценарио му е познато на секој кој некогаш отишол на семеен ручек и ги прекршил своите ветувања дадени за време на диета. Мама, баба или некој друг едноставно емотивно ќе ве уценат да јадете нешто што не сте го сакале .

Притисок

Претходните три стапици нè водат до перфекционизам, до притисокот што го создаваме врз себе затоа што “не сме доволно силни” да се придржуваме до диетата.

“Научени сме дека се мораме да направиме како што треба, да го истуркаме до крај. Да го испланираме менито во диетата и да се држиме до него, како и програмата за вежбање. Но, таквиот “се или ништо” начин на размислување води во пропаст, затоа што еден неуспех ќе биде доволен за да (по)мислиме дека очајно потфрливме”, предупредува докторот.

“Направете план, но ако само делумно се придржувате до него, тоа е подобро отколку да вршите притисок врз себе затоа што не сте “совршени” во диетите. Стремежот за совршенство не е продуктивен, тоа не кочи. Ќе има подеми и падови во слабеењето, а тие се нормален дел од таа промена”, заклучи докторката.