Познатиот американски глумец Роберт де Ниро пред студентите на Универзитетот Кембриџ застана во одбрана на Украина против руската инвазија.
Де Ниро всушност зборуваше за својата актерска кариера, но прашан за неговото мислење за Украина, тој кажа: „Треба да станете и да кажете – не можете да го правите тоа, тоа е погрешно“.
– Има работи што се случуваат во светот, кои ако имате глас и гледате што се случува, имате право да кажете нешто за тоа. Морате. Тоа е ваша должност!, истакна Де Ниро.
Тој нагласи дека не се работи само за демократија, туку за правилно и погрешно – за вистината.
– Мораме да направиме нешто за да го запреме овој вид агресија, рече глумецот.
На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин ѝ објави војна на Украина и така ја почна инвазијата од големи размери.