Раст на цената на нафтата на светските берзи поради војната во Украина, цената околу 100 долари за барел

На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна на над 105 долари за барел, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво.

По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 отсто на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,6 отсто на 91,59 долари.

По рускиот напад на Украина, цената на барелот на лондонскиот пазар во еден момент достигна 105,79 долари, што е највисоко ниво од крајот на 2014 година.

Аналитичарите велат дека цената на барелот во Лондон најверојатно ќе остане околу 100 долари, се додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), американските компании за нафта од шкрилци или Иран, на пример, не обезбедат алтернатива за руската нафта и не пласираат поголемо количество барели

економијанафтаРусијаУкраина