Руската армија денес изврши масовно слетување со хеликоптер на градот Вишгород во Киевската област во централна Украина во близина на реката Днепар.
На социјалните мрежи се појави видео од тоа масовно слетување на повеќе хеликоптери.
Хеликоптери биле снимени додека летаат во правец на главниот град. На видеото може да се види шарена хеликоптерска флота од Mi-8, преку Мi-17, кои се придружени од борбени хеликоптери Ка-52.
На социјалните мрежи исто така се појави и видео од пукањето. Засега не е познато дали се работи за хеликоптер или за моќен воен авион.