Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека Русија ја презела контролата на повеќе делови од државата.
„Многу е опасно, на само 15 минути е западно од обиколницата на главниот град се водат битки“, напиша на социјалната мрежа Твитер новинарот Кристофер Милер.
Според новинарот, Кристофер Милер, руските воени сили летаат со хеликоптери Mi-8 над меѓународниот аеродром „Антонов“ во Хостомел, Украина.