ЦЕЦА БЕЗ СИЛИКОНИ И СО “МИНИВАЛ”: Фотографија од фолк дивата стара ТРИ ДЕЦЕНИИ на која не би ја препознале

На социјалните мрежи се појави фотографија на која Цеца Ражнатовиќ можеме да ја видиме без силикони.

Светлана Цеца Ражнатовиќ денес е една од најпопуларните пејачки на Балканот и пошироко. Цеца е позната како некој кој се грижи и за својот изглед, па внимава што јаде и редовно оди на третмани.

Цеца со години го одржува истиот изглед, со мали промени кога се во прашање фризурата, стилот и шминката, но порано беше склона кон експериментирање. Имаше кратка и долга коса, смени неколку бои, а неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од пејачката од почетокот на кариерата .

Сликата на која ја гледаме Цеца како позира без силиконски гради во фустан со шлицови, во деколтето и со минивал во друштво на Вера Матовиќ, во која и двете се расположени и насмеани, се појави на страната на Инстаграм „Естрадни музички времеплов“.

Ретко кој би ја препознал Цеца од почетокот на нејзината кариера.