Авионот во кој патуваше американскиот воен секретар Пит Хегсет изврши непланирано слетување во Обединетото Кралство поради пукнатина на шофершајбната на авионот, соопшти Пентагон.
„Авионот слета во согласност со стандардните процедури и сите во авионот, вклучувајќи го и секретарот Хегсет, се безбедни“, изјави портпаролот на Пентагон , Шон Парнел, во објава на X.
Хегсет се враќаше од Брисел , каде што денес се сретна со министрите за одбрана на НАТО.
Ова не е прв пат американските воени авиони што превезуваат високи функционери да имаат проблеми.
Порано оваа година, авион на американските воздухопловни сили што го превезуваше државниот секретар Марко Рубио во Минхен беше принуден да се врати во Вашингтон откако имаше механички проблеми.