Се појави видео кое покажува како пожарот почнал да избувнува во моторот на авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ непосредно по полетувањето.
Видеото го објави Би-би-си, кој наведува дека драмата во авионот „Боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.
Авионот, наводно, принудно слетал, а пилотот безбедно го вратил леталото на аеродромот во Хјустон.
„Саутвест ерлајнс“ во соопштение наведе дека авионот имал „механички проблем набргу по полетувањето“ и поради тоа бил приземјен.
Би-Би-Си јавува дека Федералната управа за авијација на САД го истражува инцидентот.