Авион се урна во саботата попладне во близина на Загреб . Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот. Авионот се урнал во Јеждовац, во близина на цивилниот аеродром.
За жал, еден маж починал, а тројца од нив преживеале, според неофицијални информации на 24сата.
На местото на настанот дојдоа пожарникари и итната помош , како и екипи на ХГСС од Загреб и Самобор.
Авионот кој се користел за скокови со падобран е лоциран и во моментов се пристапува кон жртвите.
– Падна набрзо по полетувањето, а тоа беше Цесна – изјавил Марин Лукас, шеф на станицата HGSS во Загреб.