Пилотот-тренер на грчките воздухопловни сили загина денес кога неговиот авион се урна во близина на воздухопловната база во градот Каламата на Пелопонез.
Пилотот бил единствениот човек во авионот „T-2 Buckeye“, пренесуваат грчките медиуми. Грчката телевизија ERT вели дека авионот се урнал при слетување.
Медиумите претходно објавија дека некои извештаи укажуваат дека пред да се урне авионот одекнала експлозија.
Авионот „T-2 Buckeye“ од американско производство првпат полета кон крајот на 1950-тите години и служеше како главен авион за обука на грчките воздухопловни сили со децении.
Планирано е тој да биде деактивиран во наредните месеци.