Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на дел од медиумите за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Улогата на медиумските работници е да документираат и пренесат информации од настани кои се од висок јавен интерес, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки. Секое попречувањето на нивната работа претставува загрозување на слободата и правото на информирање.
Агенцијата апелира да се најде соодветен и неселективен начин, на сите медиумските работници да им се овозможи еднаков и слободен пристап до сите настани што се од големо општествено значење.
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги