– Mаж од Австралија вчера доби двегодишна условна затворска казна затоа што им испратил околу 20 ќесиња од својот измет и урина на холивудските глумци Леонардо ди Каприо и Џeред Лето, во поштенски пакети.
Во февруари, мажот по име Вероника Греј испратил неколку пакети со неговиот измет и урина по пошта во Западна Австралија. Содржината била откриена кога една од „пратките“ случајно се истурила во просторијата на поштенски работник. Вероника (49), инаку родум од Филипини, ги адресирал пакетите до примателите како „слатки на Денот на вљубените“.
Психијатрискиот извештај доставен до судот покажал дека Вероника боледува од психичко растројство, пишуваат тамошните медиуми.
Неговиот адвокат рече дека испраќачот не сакал да ги вознемири глумците, туку сакал да ја сподели својата „страст за зачувување на животната средина“ со нив. Судијата Дин Потер ги осуди постапките на Вероника, појаснувајќи дека тој ја нарушил работата на тамошната пошта.