Австралиската војска ги доби своите први ракетни фрлачи Химарс од американско производство, соопшти денеска тамошната влада, поздравувајќи ја испораката што се очекува да ја зајакне националната и регионалната безбедност.
,Пристигнаа првите два од 42-те Химарси нарачани од САД”, се вели во соопштението, додавајќи дека тоа е „менувач на играта“.
„Правиме рекордни инвестиции за да се осигураме дека австралиските одбранбени сили ги имаат потребните капацитети за да ги зачуваат своите граѓани безбедни“, рече австралискиот министер за одбрана Ричард Марлис.
На почетокот на јануари 2023 година, Австралија ја прифати понудата на САД да го набави оружјето, кое Украина го користеше конкретно против Русија, со испорака до 2026 или 2027 година.
Сепак, по ревидирањето на одбранбената доктрина во годината кога беше потпишан договорот, роковите за испорака беа скратени.
Земјата одлучи побрзо да го развие своето одвраќање со долг дострел, соочена со зголеменото воено влијание на Кина во Пацификот и ризиците што ги носи за трговијата.
Владата најави инвестиција од 1,6 милијарди австралиски долари (927 милиони евра) за да ја зголеми својата нарачка и да го забрза процесот на испорака.
Химарсите можат да удрат од далечина поголема од 500 километри.