Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со десеттата трка во сезоната што ќе се одржи во Австрија.
За Големата награда на Австрија на патеката „Ред Бул“, која е долга 4,3 километри и се наоѓа во градот Спилберг, возачите ќе треба да возат 71 круг.
Утре, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи трката за пол-позиција, а спринт-трката ќе се одржи на 1 јули, сабота, во 16:30 часот. Првите осум пилоти во спринт-трката ќе добијат од 1 до 8 поени.
Трката за Големата награда на Австрија е закажана за 2 јули, недела, со почеток во 15:00 часот.
Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.
Пред трката за Големата награда на Австрија, пласманот на возачите и тимовите е следниов:
Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 195 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 126 поени
3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 117 поени
4. Луис Хамилтон (Велика Британија): 102 поена
5. Карлос Саинц (Шпанија): 68 поени
Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 321 поен
2. Мерцедес: 167 поени
3. Астон Мартин: 154 поени
4. Ферари: 122 поена
5. Алпин: 44 поени