Австрија спроведува истрага против оџи поради сомнение дека трошеле донации за проститутки и оргии

Надлежните институции во Австрија спроведуваат истрага против имамот на џамија во оваа земја поради обвинението дека трошел пари од донации за проститутки и организирање оргии, пишува весникот „Хојте“.

Според овој австриски медиум, скандалот се случил пред пет години и во него била вклучена џамија поврзана со Дирекцијата за верски прашања (Динајет) на турската влада.

Во деталите од обвинението се наведува дека имамите собирале пари од верниците, но не го пријавиле тоа.

Покрај директните донации во петок и за време на празници, пари биле собирани и од верски патувања, продажба на верски книги и погреби, но средствата не биле искористени за предвидените цели.

Според обвинувањата што беа објавени, парите биле искористени за ангажирање на четири проститутки, во неколку наврати, кои биле дел од организирани оргии во кои учествувале водачите на оваа џамија.

За целата ситуација да биде уште побизарна, осомничените се обиделе да ги поткупат инспекторите што го истражуваат скандалот. Наводно им биле понудени забавни настани и патувања финансирани од донации, со цел да го прикријат случајот.

Сега ќе следат сериозни последици за две лица од организацијата. ФМК, кој е верски советник и раководител на организацијата 63 АТИБ, кој дејствуваше во Виена во име на Фондацијата Дијанет, како и М.Ш., исто така верски советник, беа отпуштени.

Иако точното име не е споменато во медиумските извештаи, познато е дека еден од двајцата е поврзан со поранешен министер од АКП, владејачката партија во Турција. Дијанет како причина за нивното отпуштање наведе „недисциплина и некомпетентност“.

Австриските власти сега реагираат на наводниот скандал. Во моментов се спроведува ревизија на странското финансирање на Австриско-турската исламска унија, под чие покровителство функционирала оваа џамија.

Покрај тоа, Министерството за интеграција, преку Канцеларијата за верски прашања, побара официјално соопштение од здружението, што беше потврдено за Хоуте.