Најмалку 30 луѓе загинаа во
Гватемала кога автобус падна од мост, изјави портпаролот на градската противпожарна служба.
Автобусот се движел по фреквентен градски пат и паднал од мостот Пуенте Белице, јавува Ројтерс, додавајќи дека има повредени.
Градоначалникот на Гватемала, Рикардо Кинонес, рече дека службите за итни случаи се на терен и сообраќајната полиција воспоставува алтернативни правци во областа.