Македонија е шокирана од сериозен инцидент во кој загинаа две лица, додека извршител на двојното убиство е истото лице кое, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побегнало од Македонија и се наоѓа во Белград, информира Телеграф Македонија.
Според обвинителот на случајот Гаврил Бубевски, причината за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски е материјална. На извршителите на убиството им е потребен автомобил за да ја извршат втората мисија, условувајќи го семејството Ѓорчевска за пари, со киднапирање на нивната ќерка.
„Панче стана жртва бидејќи сторителите на убиството немаа автомобил да ja грабнат Вања, вториот човек во оваа трагедија“, рече обвинителот Бубевски.
Потсетуваме дека автомобилот на жртвата Жежовски, бел цитроен, подоцна бил употребен за грабеж на Вања, втората жртва.
Информациите од Основното обвинителство Велес покажаа и дека главниот осомничен Љупчо Палевски и Панчо Жежовски имале финансиски спор. Оштетениот должел 500 евра. Ова е причината поради која 74-годишникот е избран да биде првиот убиен , за да може полесно да се реализира нивната крајна цел, грабежот на 14-годишната Вања.
Фотографија од местото каде што беше запален автомобилот на Жежовски откако беше грабната Вања.