Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, и честиташе на Гордана Силјановска Давкова за успехот на претседателските избори.
Агелер вели дека е историско што за прв пат жена станува претседател на Македонија.
„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето право на глас на претседателските и парламентарните избори.
САД ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатлантска интеграција на оваа земја“, напиша Агелер.
My heartfelt congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova on her historic election as the first female president of North Macedonia. Congratulations also to all those citizens who exercised their right to vote yesterday in presidential and parliamentary elections. The United…
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) May 9, 2024