Полицијата истиот ден ја уапсила Катарина, а доколку биде осудена и се заканува доживотен затвор
Адвокатката Катарина Ј (28) од Лауфен е обвинета дека фрлила новороденче низ прозорец.
Бебето девојче било пронајдено на 12 септември со скршен череп пред зградата во која живеела Катарина.
Полицијата истиот ден ја уапсила Катарина, а доколку биде осудена и се заканува доживотен затвор.
Подоцна признала дека бременоста ја криела од јавноста, а се породила сама во својот стан.
„Обвинетата не била подготвена да ги стави во мирување своите животни планови, особено напредувањето на работа заради детето. Одлуката да го убие ја донела уште пред да го роди“, рече обвинителот.
Пензионер кој живее во истата зграда со Катарина изјави дека никој не забележал дека е бремена.
„Скоро се смени, престана да се јавува. Не мислевме дека е ништо страшно, верував дека е поради стрес на работа“, изјавила сосетката.
Адвокатот на Катарина смета дека обвинението е претерано.
“Оваа трагедија лично ме погодува. Мојата клиентка знаеше дека е бремена. Кога држеше крваво бебе во рацете, беше во лоша психичка состојба. Тоа беше несреќен случај, го испушти бебето”, рекол нејзиниот адвокат.
Како што пишуваат германските медиуми, Катарина по завршувањето на средното училиште сакала да студира право, но паднала на приемниот испит. Таа се обиде повторно, а потоа се запиша вонредно на правни студии. Таа сакаше да биде адвокат. До апсењето работела во Порше лизинг, а по успешната пракса почнала да работи во нивниот правен оддел.