Адвокатот на Артан Груби, Владимир Доневски денеска со соопштение ја информира јавноста дека досега не излегле во јавноста бидејќи одбраната и гонењето на осомничениот се врши во судска постапка, а не преку медиумите.
„Од покренувањето на овој кривичен предмет, ние како одбрана активно учествуваме во сите дејствија што се преземени.
По констатацијата со што досега има судот и анализирањето на аргументите на јавното обвинителство, според нас нема основа за сомневање за извршување на кривичното дело предвидено со закон.
Одбраната и сите аргументи ќе бидат изнесени во рамките на постапката предвидена со закон, за да се убедат судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои е обвинет Артан Груби.
Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќе ја задржат својата непристрасност и независност и ќе носат одлуки, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи.
Бидејќи судењата се јавни, медиумите и пошироката јавност можат да го следат процесот и да донесат свои заклучоци доколку има докази кои ја докажуваат вината на Артан Груби“, се наведува во соопштението.