Пау Молинс, адвокатот на колумбиската пејачка Шакира, изјави дека неговата клиентка би ја чинело многу помалку доколку таа се заљубела во Серхио Рамос наместо Жерар Пике.
Во интервју за „El Mona“ на RAC1, Пау Молинс го коментираше неодамнешното судење за даночно затајување и изјави дека ако неговата клиентка Шакира не живеела во Каталонија, ќе се извлечела со три од шесте злосторства за кои е обвинета. Имено, во Мадрид нема данок на имот.
„Толку многу зборуваат за еднаквоста на Шпанците, а ако сте жител на Каталонија, можете да одите во затвор за злосторство што е невозможно во Мадрид, бидејќи нема данок на имот. Да се заљубела во Серхио Рамос, наместо Жерар Пике, тоа ќе ја чинеше многу помалку пари“, изјавил Пау Молинс, додавајќи дека Шакира е невина и нема желба да ја измами државата.
„Тоа е многу комплицирано прашање со светските уметници кои секогаш се во движење“, додал тој.
Да потсетиме, колумбиската пејачка пред почетокот на судењето се договори со судот за случајот за затајување данок и се согласи да плати казна од 7,5 милиони евра.