Британската музичка ѕвезда Адел наводно е во преговори да настапи на спектаклот на полувремето на Супербоул во 2026 година, открија извори блиски до организацијата.Гласините за можен настап на Адел почнаа да кружат откако беше откриено дека била контактирана во врска со настан што ќе се одржи во Санта Клара, Калифорнија, во февруари 2026 година. Иако таа сè уште не е официјално потврдена како изведувачка, преговорите се во тек, изјавија извори за „Пејџ Сикс“.
Покрај Адел, потенцијални ѕвезди на полувремето од Супербоул се и Тејлор Свифт, голем навивач на Канзас Сити Чифс, и Мајли Сајрус, која никогаш претходно не настапила на овој настан.
Вереникот на Адел, Рич Пол, е познат спортски агент, а самата пејачка претходно присуствувала на Супербоул, но како обожавател. На еден од нејзините настапи во Лас Вегас во 2024 година, таа на шега изјави: „Отидов минатата година, но секако не за фудбал. Отидов да ја видам Ријана“.
За потсетување, Адел во 2016 година објави дека одбила настап на Супербоулот во 2017 година, велејќи им на публиката во Лос Анџелес: „Прво на сите, нема да настапам на Супербоул. Тоа шоу не е за музика. Не знам да танцувам или нешто слично. Тие беа многу љубезни и ме замолија, но јас ги одбив.“
Изведувачот за овој настап го избира компанијата на Џеј-Зи, Roc Nation, во соработка со NFL, а името на главниот изведувач обично се објавува во септември.
Порано овој месец, комесарот на НФЛ, Роџер Гудел, наговести дека Тејлор Свифт би можела да биде сериозен кандидат. Тој во емисијата „Today“ изјави: „Таа е навистина посебен талент и, секако, е добредојдена во секое време“.
Адел претходно јавно ја бранеше Тејлор Свифт откако беше критикувана од навивачите на НФЛ затоа што присуствуваше на натпреварите за да го поддржи своето момче Тревис Келс.
„За сите вас што се жалите дека Тејлор е на натпреварите – пронајдете си живот. Тоа е нејзиното проклето момче“, ѝ рече Адел на публиката за време на нејзиното шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас.