Адел одби 200 милиони долари! Еве за што и понудија на пејачката луда сума пари, а таа не сакаше ни да ја слушне

Пејачката Адел ја одби најголемата понуда во кариерата – 200 милиони долари за да ја продолжи турнејата.

Тоа беше понуда што можеше да ја однесе во Кина, каде што ќе настапуваше во казино во Макао слично на оние што ги имаше во Лас Вегас под името „Викендови со Адел “, дознава Алисон Бошоф за Дејли Меил.

Сепак, пејачката решила да биде доследна на својата последна изјава, а тоа е да се повлече на одредено време од јавноста за да се омажи.

На 23 ноември годинава пејачката ќе ја заврши култната програма „Викенди со Адел“ во Лас Вегас со својот 100-ти концерт. За секое појавување и плаќале по 500.000 фунти, а парите нема да ја натераат да се врати во јавноста.

– Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да биде дома со своето дете. Кинеската агентка ставила милиони долари на маса за зделката, но на крајот не сакала да го направи тоа. На прво место го стави своето дете, партнерот и себеси  – рекол изворот.

 

Познато е дека на крајот на годината музичарката планира да се пресели во Англија, каде има луксузен стан во центарот на Лондон, за да го одгледа синот во мир.

– Последните седум години ги потрошив градејќи нов живот за себе и сакам да го живеам сега – изјавила ѕвездата претходно.