Адел се омажи! Откриена тајната на познатата пејачка – конечно потврди дека има маж!

Адел наводно го потврдила бракот со спортскиот агент Рич Пол. Се шпекулираше дека парот тајно се забавувал минатата година, а Адел ги подгреа овие гласини кога неодамна го нарече Рич нејзиниот „сопруг“ . Имено, пејачката откри дека се омажила за време на хумористичкото шоу на нејзиниот најдобар пријател Алан Кар во Лос Анџелес.

Двајца анонимни извори кои биле присутни на местото на настанот ја потврдиле веста на познатиот инстаграм профил „Deuxmoi“.

„Вечерва бев на шоуто на Алан Кар во Лос Анџелес и Адел беше во публиката. Тој ја праша публиката дали некој се оженил или се омажил неодамна, а таа извика „Јас““, рекол изворот.

„На прашањето дали некој се омажил неодамна, таа извика „Јас се омажив“. Беше супер симпатична, но наеднаш исчезна од шоуто пред крајот“, изјавил друг извор.

Инаку, Рич се осврна на брачните гласини за време на гостувањето на „CBS Mornings“ минатиот месец. Новинарот го прашал дали на Адел треба да и’ се обраќа со госпоѓа Пол, на што тој срамежливо одговорил: „Можеш да ја нарекуваш како сакаш“, а потоа додал дека тој не е тип на човек да го сподели својот личен живот со медиумите.

,,Јас сум на добро место, ние сме на добро место. Среќни сме. Таа е одлична. Таа беше одлична со мене”, изјави тој во емисијата.

Да потсетиме, Рич и Адел за првпат се претставија во јавноста како пар во јули 2021 година на натпревар во НБА, а поп-дивата постојано истакнуваше дека тој е првиот маж во нејзиниот живот со кој е среќна .

,,Тој е духовит. И многу паметен. Тој е многу, многу паметен, знаете. Прилично е неверојатно да се гледа како го прави тоа што го прави”, рекла таа еднаш.

Прославената 35-годишна девојка од бракот со Сајмон Конецки веќе го има 10-годишниот син Анџело, но неодамна изјави дека би сакала повторно да забремени.