Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми преку објава на социјалните мрежи вели дека Африм Гаши со, како што пишува, 1 процент поддршка е именуван за собраниски спикер.
Адам прашува која е пораката на ова прашање.
„Во последната анкета партијата на Африм Гаши има само 1% поддршка. Каква порака е ова до Албанците? 1% поддршка, но премиерот го назначува на највисоката функција во државата! На кого личи оваа ситуација?“, пишува Адеми.
Потсетуваме дека ДУИ неодамна повторно повика партиите кои остануваат во коалицијата ВЛЕН во владата да се откажат од владата, бидејќи според ДУИ, оваа влада спроведува антиалбанска политика.