Адријана Лима го освои светот со својата убавина, а вака стана српска снаа! Откри како ja смувал Марко Јариќ

По долги години е откриено како Марко Јариќ ја завел една од најубавите жени на светот Адријана Лима.

Јавноста со години се прашуваше како српскиот кошаркар Марко Јариќ успеа да ја освои тогаш најубавата жена на светот Адријана Лима . Јариќ освен по својот неоспорен талент и успесите кои ги забележа, е познат и по бракот со оваа позната убавица, кој траеше цели 7 години.

Адријана Лима и Марко Јариќ добија две ќерки Валентина и Сијена, а во 2016 година решија да стават точка на бракот, а разводот наводно е поради измама на Марко. За љубовниот живот на Марко одамна ништо не се знае, а Адријана среќата ја најде со Андре Лемерс со кој доби син.

Како Марко ја заведе Лима?

Имено, не е тајна дека Марко Јариќ бил познат како голем џентлмен, за што поткрепува и приказната за нивната средба, поточно моментот кога Лима „попуштила“ и му станала девојка на Марко. Меѓутоа, Марко долго време не сакаше да открие како се оженил со една од најубавите жени на светот на која многумина и позавидуваат.

– Не смеам никому да кажам како ја договорив Адријана. Тоа е тајна, за која би морал да платам – низ насмевка изјави тогаш Марко Јариќ.

 

Сепак, дел од тајната открила Адријана кога признала со каков итар гест успеал да ја собори од нозе.

– Дојдов дома по нашата прва средба и таму ме чекаше изненадување – куќата ми беше исполнета од врвот до дното со прекрасни црвени рози. Никогаш не сум добилатолку рози. Така ме освои – изјавила Адријана пред многу години.

Јариќ успешно ја крие својата приватност, па не се знае дали има емотивен партнер, но она што е сигурно е дека многу време поминува со своите миленици, а ја користи приликата да ужива во секој заеднички момент.

Адријана Лима синоќа го најави своето големо враќање во светот на модата откако доминираше на ревијата на Викторија Сикрет и кога се прошета по пистата и ги остави сите без здив.