Адријана Лима жртва на голема измама! Предупреди дека некој ја имитира и бара пари од луѓето: Eве што им порача на своите следбеници (фото)

Познатата манекенка Адријана Лима ги предупреди своите следбеници преку Инстаграм Stories дека некој на TikTok се претставува како неа и бара пари од други луѓе.

„Ова лице нуди подароци, а потоа бара пари и информации за кредитна картичка и домашна адреса. Бидете внимателни и не споделувајте никакви лични или финансиски информации. Адријана Лима не контактира лично со обожавателите за да им понуди подароци и да побара исплати“, стои во објава која првпат ја сподели фан-профилот на Адријана.

Таа на своите следбеници им порача и дека доколку наидат на споменатиот профил, да го пријават како измама.

Лима неодамна се врати на модната писта и  прошета за брендот Victoria’s Secret по шестгодишна пауза. На модната ревија манекенката воодушеви со својот изглед.

Инаку, Адријана кон крајот на минатата година се омажи за својот партнер Андре Лемерс. Таа ја сподели веста на Инстаграм покрај фотографијата што ја направи во пустина. Потоа покажала како изгледа нејзиниот прстен и’ рекла: „Официјално г-ѓа Лима Лемерс”.

Лима претходно беше во брак со 
Марко Јариќ, со кој ги има ќерките Валентина и Сиена. Со Андреа го има синот Сијан.