Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 мегават часови електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, информираат од компанијата.
-Планот за производство за 2023 година заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,5 отсто. Позитивните резултати во 2023 година се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија, посочуваат од АД ЕСМ.
Во одредени денови, како што велат, има определени отстапувања во планираното производство кои одат во плус или во минус, односно АД ЕСМ во одредени денови внесува и значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од потребните за дневното снабдување.