Азербејџанската државна телевизија денеска објави снимка на која се гледаат ровокопачи како ја уништуваат зградата во која некогаш се наоѓаше отцепениот етнички ерменски парламент на Нагорно-Карабах.
Уривањето кое го пренесуваше телевизијата, со огромни метални канџи кои ја уништуваат зградата, драматично го нагласува повторното воспоставување на азербејџанска контрола откако неговите сили повторно го зазедоа Карабах минатата година кога побегнаа повеќе од 100.000 етнички Ерменци.
Азербејџанските државни медиуми објавија дека зградата на Парламентот, заедно со соседната зграда во која се наоѓа Здружението на ерменски воени ветерани, е урната затоа што е изградена „незаконски“.
Ерменија го обвини Азербејџан за етничко чистење – а тоа обвинението Баку го отфрли, инсистирајќи на тоа дека Ерменците од енклавата се добредојдени да останат на таа територија.
Ерменците од Карабах велат дека масовно заминуваат затоа што не се чувствуваат безбедно во Азербејџан.