Азески: „Бехтел и Енка“ е меѓународен конзорциум и јасно е дека штом учествува на тендер е победник

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за „Бехтел и Енка“ изјави дека Владата треба да го помогне тој инвестициски сектор кој учествува со значителен процент во бруто домашниот производ.

„Мора да се елиминираат сите ситуации кои подразбираат развој на сивата економија и корупцијата, секој да се повлече на своите позиции, приоритет да и се даде на економијата.

Нема да дозволиме ситуацијата да продолжи. Предност треба да се даде на домашните операции. Таа е уништена.

„Бехтел и Енка“ е меѓународен конзорциум и јасно е дека штом учествува на тендерот е победник. Тоа треба да биде директна заложба на Владата да му помогне на тој сектор кој учествува со значителен процент во бруто домашниот производ и кој зад себе влече 50 други занаетчиски гранки кои живеат од него“, вели Азески за „ТВ24“.